Проектот за имиграциска реформа, предводен од осум сенатори, меѓу кои и републиканецот и противкандидат на Обама во првиот мандат, Џон Меккејн, е плод на нетипичната соработка меѓу демократите и републиканците и е една од најважните точки во дневниот ред за оваа година како во работата на претседателот Барак Обама, така и на Конгресот.
Спогодбата, постигната во двопартиската група, што денеска беше објавена на прес конференција, ја опфаќа пограничната безбедност, сезонските работници, проверките на работодавачите, како и процедурата за добивање државјанство за незаконските имигранти.
Иако за спорните детали се уште претстои работа со несигурен завршеток, спогодбата претставува почеток на најсуштествените напори во последните години за изменување на неефикасното и расцепкано имиграциско законодавство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



