| четврток, 6 декември 2018 |

Вацлав Клаус: Со влегување на Чешка во ЕУ се прави чекор назад

Czech President Vaclav Klaus visit in Sofia, BulgariaВлегувањето на Чешка во Европската унија во голем дел бил чекор назад, им порачал поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус на учесниците на Летното школо во Охрид.

– Треба да кажеме доволно гласно дека европскиот и економскиот социјален систем, како и претераната регулација на економијата, на која лежи и огромното бреме на социолошките и еколошките услови, не овозможуваат брз стопански раст на кои им е потребен на земјите од средна, источна и јужна Европа – предупредил Клаус во најавеното предавање , чиј текст го објавил чешкиот неделник „Тиден“.

Клаус, кој во времето додека бил претседател, бил најгласниот евроскептик меѓу шефовите на држави и влади во ЕУ, укажал дека цената на влегувањето во ЕУ била висока, а посткомунистичките земји често и назадувале.

Тој вели дека биле присутни повеќе извори на незадоволство, а најглавниот е дека луѓето во посткомунистичките земји имаат премногу очекувања и илузии по падот на комунистичкиот режим.

– Мислевме дека крајот на комунизмот значи и веднаш слобода, демократија, слободен пазар, економска ефикасност и просперитет. Тоа не се случи, а требаше тогаш да знаеме дека не можело да се случи – рекол Клаус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top