| четврток, 6 декември 2018 |

Музеј на автобуси во Скопје

avtobusi JSPСо обновата на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие, наметната е идеја за отворање музеј на автобуси, вели директорот на ЈСПм Мишо Николовм во интервју за порталот „Скопјеинфо“.

– Оваа година ЈСП „СКОПЈЕ“ прослави 65 години од своето основање и воедно благодарение на Владата на Република Македонија и Градот Скопје се заокружи проектот за обнова на возниот парк. Логично се наметна идејата за отворање музеј на автобуси, кој очекуваме наскоро да биде отворен. Истиот е лоциран во Автобазата во Ѓорче Петров и содржи поставка од 7 автобуси од марките: Лејланд, Санос, Раба, Ман, Икарус – автобуси кои превезувале патници во различни периоди почнувајќи од основањето на претпријатието – вели Николов во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top