| четврток, 6 декември 2018 |

Анжи ги продава фудбалерите без нивно знаење

Финансиската состојба на рускиот фудбалски клуб Анжи е доста лоша затоа што екипата од Махачкала почна да ги продава своите играчи без тие да знаат

oleg-500

Деновиве Олег Шатов, кој стана нов фудбалер на Зенит од Санкт Петерсбург, изјави дека не знаел оти двата состава се договориле за купопродажба без негова согласност.

– Факт е дека не знаев оти екипите на Анжи и на Зенит се договориле. Новинарите ме прашаа дали знам дека сум нов фудбалер на таборот од Санкт Петерсбург, а јас ги прашав за што зборуваат, дали се шегуваат со мене – вели Шатов.

– Сепак, кога ми објаснија се како што треба и откако самиот пребарав на Интернет, заклучив дека е вистина. Како и да е, ова за мене дури беше и добра вест – додава Шатов во изјавата за медиумите од својата земја.

Инаку, сопственикот на тимот, Сулејман Кедиров, одлучи да ги продаде бројните ѕвезди на клубот бидејќи отсега буџетот на екипата ќе изнесува 70 милиони долари, додека претходно беше двојно поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top