| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во три провинции во Египет

Претседателот на Египет прогласи вонредна состојба во три провинции кај Суецкиот канал која ќе трае 30 дена откако во насилните протести викендов загинаа 44 луѓе.

Одлуката на претседателот Мохамед Морси потсетува на тактиката на поранешниот египетски лидер за преземање на контролата над незадоволните граѓани.

Претседателот во вчерашното обраќање им порача на граѓаните дека нема да се двоуми да преземе и други мерки за да го спречи ширењето на насилствата во земјата. Морси исто така се обиде да им објасни на Египќаните дека воведувањето вонредна состојба нема да го врати тоталитаризмот во земјата.

Десетици илјади Египќани викендов излегоа на улиците откако судот осуди на смртна казна 21 луѓе кои минатата година учествуваа во насилствата на фудбалски стадион во кои загинаа 74 луѓе/ Демонстрантите исто така изразуваат незадоволството од исламската политика и слабите промени во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top