Семејството на исчезнатата Французинка Валери Бара-Незироски се вратило во Франција, пишува „Канал 5“. Цел месец по Валери трагаа сопругот, полицијата и француската амбасада.
Нејзиното семејство сѐ уште се надева дека таа еден ден ќе се појави жива и здрава и никој не помислува на најлошото. Свекорот на Валери, Мемедали, смета дека нејзиното исчезнување е последица на некоја нејзина интимна врска за која никој не знаел. Но, Валери во семејството не зборувала за проблеми во бракот.
Мемедали го напуштил Кичево пред 45 години. Во Париз бил градежен работник. Таму оформил семејство. Таму е роден неговиот син, 40-годишниот Имер. Тој и Валери се зеле пред 20 години. Имаат син Скендер. Пред таа да исчезне, во дворот со синот имала голема расправија. Следуваше голема потрага по Валери-Имер, со денови се пребаруваше градот, околината и кичевското Кале – омиленото место на Валери, пишува „Канал 5“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


