| четврток, 6 декември 2018 |

Европската унија денеска ќе расправа за Египет

eu brisel

Лидерите на земјите-членки на ЕУ денеска ќе одржат вонреден состанок за исклучително загрижувачкото крвопролевање во Египет. Европската унија вчера соопшти дека итно ќе ги преиспита односите со Египет, каде што во насилствата од претходните денови настрадаа повеќе од 800 луѓе.

– Неодамнешните случувања во Египет, а особено во последните неколку дена, се исклучително загрижувачки. Од клучно значење е насилството веднаш да престане. ЕУ во следните денови итно ќе ги преиспита односите со Египет – порачаа Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо во заедничко соопштение.

Поради соборувањето на исламистичкиот претеседател Мохамед Морси, ЕУ веќе ја доведе во прашање ветената помош од речиси пет милијарди евра за Египет. И покрај најавите дека помошта ќе биде целосно стопирана и дека ќе бидат воведени санкции кон Египет, дипломат во ЕУ соопштил дека денешниот состанок ќе биде помалку посветен на донесување одлуки, а повеќе ќе се разгледуваат следните чекори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top