Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“ денеска организираат чистење на Националниот парк Маврово, во рамки на кампањата „Македонија без отпад“ за чистење на националните паркови како природно и културно наследство од исклучителна вредност.
Чистењето во НП Маврово ќе се спроведе од 10 до 14 часот на локациите фудбалски терени во село Маврово, ски-патеки, крајбрежје на Мавровско Езеро до црквата во вода.
Викендот активности од оваа кампања имаше во националните паркови Галичица и Пелистер. Целта на кампањата е да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.
Во акцијата се вклучени управите на трите национални парка, општините Охрид, Ресен, Битола и Маврово-Ростуше, јавните комунални претпријатија, локалните здруженија на граѓани, туристички и угостителски работници, планинари и алпинисти, Црвениот крст на Македонија, извидниците, колективните управувачи со отпад од пакување „Пакомак“ и „Еко клуб“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Откриени луѓето кои го попречуваа снимањето на екипата на „Економски лидер“ (видео)
-
Додека комуналните служби на градот дремат: Волонтери ја исчистија околината на Пошта 2 под Железничка станица во Скопје
-
Шилегов: Ни кучиња, ни комарци касаат во златно Маврово



