| четврток, 6 декември 2018 |

Кина и Русија зафатени од поплави

poplavi rusija kina

Североисточниот дел од Кина е зафатен од најголемите поплави во последните децении. Евакуирани се стотици илјади, а загинаа најмалку 43 жители. Под вода се и региони во соседната Русија.
Најмалку 43 лица загинаа во поплавите кои ја погодија североисточна Кина, покажуваат најновите податоци што денеска (18.08) ги пренесе агенцијата Ксинхуа.
Поплавата е предизвикана од силните дождови кои во последните денови погодија неколку покраини во овој дел на Кина. Во покраината Јулин загинале 14 лица, а 900 илјади се евакуирани. Штетата се проценува на околу 870 милиони евра, уништени се над 35 илјади куќи. Спасувачките екипи и во провинциите Хеилонгјанг и Лиаонинг не успеаја да им помогнат на многу жртви, можеа само да ги извадат безживотните тела. Дополнителни проблеми предизвикува и тајфунот „Утор“ кој се движи од правец на Филипините кон Кина.

Под вода се и делови од Русија на границите кон Кина, на околу околу 6 илјади километри источно од Москва. Според метеоролозите и тамошните жители, ова се најголемите поплави во последните 120 години во овој крај.
„В понеделник водостојот на реката Амур кај градот Хабаровск ќе достигне до 6,5 метри, што е за 8 сантиметри повисоко од ’поплавата на векот’ во 1898 година“, истакнува Вјечеслав Паршин од Хидрометеоролошката служба. Во близина на границата со Кина се поплавени околу 5300 куќи во над 120 населени места“, изјави министерот за цивилна заштита, Владимир Пучков на видеоконференција, на која учествуваше и рускиот претседател Владимир Путин. Евакуирани се 170 илјади луѓе од овој регион, но засега нема жртви. Претседателот Путин испрати десетици илјади спасувачи во поплавениот регион. Освен тоа, тој најави итна помош од над 2,5 милиони евра. Властите ги проценуваат штетите на повеќе милиони евра. Метеоролозите не предвидуваат подобрување на временските прилики во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top