Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер, побара свикување на итна седница на шефовите на дипломатијата на ЕУ, со цел да се разговара за ситуацијата во Египет. Тој нагласил дека е потребно да се изврши дополнителен притисок, и да се прекине со финансиската помош, за да се стави крај на насилството и да се спроведат нови избори.
Министерот не ја исклучил можноста Египет да добие нова влада која би ја водела Муслиманското братство, но таа не би можела да го прилагодува Уставот, односно да воведува исламски закони.
– Со министерот од Германија веќе на почетокот на неделата ќе побараме специјален состанок. Европа треба да биде активна за Египет да се врати на вистинскиот пат кон демократијата – изјавил Шпинделегер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



