| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија годинава увезла струја за 67 милиони евра

struja

Нешто над 67 милиони евра, или поточно вкупно 67.034.261 евра фактурираше Македонија за купената струја од странство за првите шест месеци од годинава, се вели во анализата на порталот Фактор.

Според анализата, само јунскиот увоз чини 4,3 милиони евра, покажува анализата која е заснована на најновите статистички податоци.

Според анализата, во првите четири месеци од годинава дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз чинеше фантастични 54 милиони евра, за после два месеци вредноста да се набилда на 67 милиони евра, што е раст од неверојатни 13 милиони евра. Фактите сведочат за галопирачкиот раст на вредноста на увозот на струјата во земјава, за кои од државава секој месец се одлева милионска сума на девизи.

Колкава количина на струја е купена за овие 67 милиони евра само за шест месеци, статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top