| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Македонката што го одби Субрата Рој

tamara2

Дваесет годишната Тамара Андреева е Македонката која одби да му биде личен асистент на индискиот милијардер Субрата Рој, пишува Телеграф.мк.

Младата Македонка, која работи како модел, во Индија престојувала три месеци, каде снимала реклами за индиски компании.

За искуството во Индија вели дека и било најдобро, а нешто што ќе памети цел живот е понудата за работа кај Субрата Рој.

– Индија ми беше најдоброто искуство, можам да кажам дека делумно таму запознав уште една поинакваТамара, едноставно се пронајдов себе си до некаде. Прифатив понуда за да работам во Индија бидејќи сум голем авантурист и сакам да го прошетам буквално целиот свет. Инаку нешто што ќе го паметам цел живот, беше понудата да работам како личен асистент на СубратаРој, вели Андреева за Телеграф.мк.

tamara

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top