| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени осум вработени во „Македонски пошти“

Makedonska posta logo

Осуммина вработени во „Македонски пошти“ кои се осомничени за несовесно работење во службата се уапсени утринава.

Дел од уапсените веќе се однесени на распит пред истражен судија, а на седум од нив им е одредена мерка притвор.
Од Министерството за внатрешни работи известуваат  дека се  трага по двајца кои засега се во бегство.
Неофицијално,  од МВР велат дека причина за акцијата било нивното непрофесионално работење, а поради тоа лесно им било на двајцата крадци пред две недели да ја ограбат поштата во скопски Чаир,  од каде украдоа 211.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top