-Поделба на земјата сигурно ќе не носи во војна. Се може, за се може да разговараме, но за тоа дали Босна и Херцеговина ќе остане целосна, не може никако”, изјавил претседателот на БиХ, Жељко Комшиќ. Тој вели секој кој се грижи за Босна и Херцеговина ќе земе оружје и ќе ја брани државата доколку Република Српска се обиде да се одвои.Одговарајќи на прашањето што ќе случи доколку сегашниот претседател на Република Српска, Милорад Додиќ, навистина се обиде да ги реализира своите закани за одвојување на тој ентитет, Комшиќ изјавил дека во тој случај државата ќе ја бранат не само Босанците, туку и многу други, како и тој лично.
-Будала е тој што мисли дека нема да биде така доколку има обид за одвојување- изјавил Комшиќ.
Состојбата во земјата Комшиќ ја оценил како загрижувачка, но додал дека и тоа може да се реши.
Коментирајќи на сегашниот однос на меѓународната заедница кон БиХ, Комшиќ изјавил дека не постои „никаква смислена политика”, туку само интерес од поединечни земји, кои не се врзани само за БиХ туку и за други земји.
-Мислам дека САД најмногу се грижи за нас. Или барем најчесно се грижи за нас – изјавил Комшиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


