Симпатизерите на италијанскиот фудбалски гигант Милан можат да бидат задоволни откако е обелоденето дека повредата на Марио Балотели е минато.
Тој се повреди на турнејата на клубот на северноамериканскиот континент и се чинеше дека повредата не е посериозна, но играчот мораше да отсустува од тренинзите цели две недели и да тренира под посебен режим се до првиот квалификациски натпревар од Лига на шампионите против екипата на ПСВ.
– Балотели е максимално подготовен. Тој одлично реагирал на рехабилитационата програма. Целосно ќе биде подготвен до првиот натпревар против ПСВ и ќе ни помогне за пласман во фазата по групи од Лига на шампините – изјави Адријано Галијани за италијанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



