Пензионираниот ветеранот на ЦИА, Брус Ридел, експерт за контратероризам во Бруклин Институтот кој што има советодавна улога на американските претседатели, во интервју за агенцијата Франс Прес ја анализира еволуцијата на терористичката група на Ал- Каеда од 2001.
-Сведоци сме на еволуцијата на трета генерација на Ал- Каеда, или како што јас ја нарекувам Ал- Каеда 3.0. Првата генерација беше онаа која ја креираше Ал-каеда до нападите од 11 септември. Втората датира од падот на талибанската држава во Авганистан до убиството на Осама бин Ладен и будењето на арапскиот свет. сега се соочуваме со третата генерација која што е многу поопасна, таа ниту ја предизвика, ниту учествува во арапската пролет, но ги искористува нејзините предности. Создадени се огромни простори каде владее безаконие како источна Либија, северен Мали, Синајскиот полуостров во Египет и огромни пространства во Сирија кои служат како засолништа, но и како места за операции и тренинзи кои втората генерација ги немаше.
На прашање каква стратегија сегда преземат западните држави треба дапреземат, експертот од ЦИА вели дека нема едно решение за се, дека е потребно да се скрои единствен приод кон секој случај поединечно.
-На пример Мали не е само Мали, туку и Либија и Алжир, па потребна е стратегија да се уништат засолништата, како што почна француската армија. И да се пополни овој простор со нова власт. Тоа е лесно е да се каже, но тешко е да се спроведе. Особено што не сакаме да замениме стара полициска држава со нова. Но ако го оставиме така муслиманскиот свет со серија простори без власт од Северна Африка до Јужна Азија, Ал-Каеда ќе креира свое прибежиште од каде ќе се заканува на Северна Америка и Европа.
Брус Ридел објаснува дека прибежиштето во мали е со големина на американската држава Тексас, а поголема територија има во Либија; дека се убаво спонзорирани низ цела декада од различни извори, а екстремно добро вооружени со арсеналот од режимот на Гадафи. Сето тоа, додава ги привлекува џихадистите од светот, од Пакистан, но и од Африка, на пример од Нигерија. На крајот американскиот експерт за контратероризам се осврнува на новата тактика со заложништво во огромната гасна постројка во Алжир.
-Терористичките групи претежно влијаат меѓусебно, копирајќи си ги тактиките, но она што е ново за Ал- Каеда е целење на толкав објект. Во години терор во Алжир предизвикан од џихадисти не сме виделе напад на толкав објект, толку софистицирана операција, напад со многу терористи од различни места. Стравувам дека ова е само почеток за вакви акции.
Приодот на САД е нашироко известување за ликвидација на челни лица од Ал-Каеда како Осама бин Ладен, за ова американскиот пензионираниот агент од ЦИА вели дека тоа е важен чекор во стратегијата, но не може да биде и цела стратегија. Мора да вклучува и изградба на нација во тие простори, пред сѐ преку дипломатија која ќе бара решениеја за оние прашања кои предизвикуваат фрустрација.
-Ако се сако да се сотре Ал-Каеда, таа да исчезне, мора да се решаваат прашањата кои продуцираат толкав бес кој што ја полни Ал- Каеда со доброволци. А на врвот на листата, без изненадување е палестинското прашање. Западот има интерес да се решат аспирациите на Палестинците не бидејќи имаат морално право на тоа, туку заради сопствените национални безбедносни интереси, заклучува Брус Ридел, експерт за контратероризам во Бруклин Институтот со искуство од ЦИА, во интервју за агенцијата Франс Прес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?




