Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека американски беспилотни летала може да бидат дислоцирани во Ирак, за да помогнат во борбата против заканата од Ал каеда. Тој вчера истакна дека ирачките сили за безбедност имаат потреба од помошта на САД во собирање и анализирање разузнавачки податоци.
Според него, ограничен број американски инструктори за борба против тероризмот може да бидат пратени во Ирак. Зебари додаде дека беспилотните авиони може да бидат дел од пакетот американска помош за Ирак.
Засега нема коментар од Пентагон и Стејт департментот за изјавата на шефот на ирачката дипломатија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.