| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави во Русија

poplava25Во 121 населено место во три административни единици на Руската федерација на Далечниот исток има поплави, јави ИТАР-ТАСС. Водената стихија поплавила над 5.300 станбени згради, населени од 32.600 лица. Најтешка е ситуацијата во Амурската област, во која се поплавени 94 градови и села. Засегнати се и Еврејската автономна област и Хабаровскиот крај.

Министерството за одбрана подготви околу 200 хеликоптери, со кои ќе започне испорака на храна, вода и лекови во тешко достапните реони. Ќе започне и евакуација и проценка на штетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top