| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатите највиновни за глобалното затоплување

zatopluvanjeСветската банка смета дека има можно решение за најголемот проблем во моментов – глобалното затоплување. Еден од најголемите проблеми со климатските проблеми е влијанието врз сиромашните. Фармерите, рибарите и останатите кои зависат од природните извори на Земјата може лесно да бидат загрозени од промената на временските услови.

Светската банка годинава започнала да се фокусира кон решавање на климатските промени на глобално ниво. Неделава, институцијата објави дека сака да го изедначи пристапот на енергија за целиот свет. За некои населенија, првиот чекор кон еднаков пристап до енергија ќе вклучува и традиционални фосилни горива. Ова може да изгледа како чекор наназад, но всушност не е.

Моментално, најсиромашните 3 милијарди луѓе испуштаат штетни гасови кои влијаат на климатските промени само 6 проценти. За споредба, најбогатите 500 милиони луѓе стојат со 50 проценти. Приближно 1,2 милијарда луѓе воопшто немаат пристап до електрична енергија. Она кон што е свртено вниманието е обезбедување на било каква електрична енергија за овие луѓе. Почистата енергија ќе пристигне подоцна.

Од друга страна, Светската банка планира оданочување на фосилните горива за богатите, како што тоа веќе го применува кинеската влада. Со ставање цена на проблемот ќе се предизвика негово последователно намалување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top