| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен притворот на Слободан Богоевски

slobodan-bogoevski-1Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за сите оние што беа опфатени со акцијата наречена „Агент“, односно оние што биле инволвирани во продажбата на државно земјиште. Поднесувањето на актот доаѓа по четиримесечна истрага за препродажбата на државно земјиште со површина од 19.000 квадратни метри во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Обвинителството, во средата, поднесе до судот обвинителен акт кој се’ уште не е на правна сила“, потврдуваат од скопскиот кривичен суд за Утрински весник. Оттаму појаснуваат дека по неговата дистрибуција ќе почнат да течат роковите за жалба по актот што се однесува на обвинетите Слободан Богоевски, Васко Томановиќ, Владимир Пешликовски, Данела Трајковска, Ален Јегени и словенечкиот државјанин Митја Валич, а кои се товарат за кривични дела: перење пари и други приноси од казниво дело, фалсисификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување.

Инаку, завчера, на седница на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, било донесено решение за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети. Мерката притворот е продолжена за четворица обвинети, односно за поранешниот разузнавач Слободан Богоевски и за скопските адвокати Васко Томановиќ и Владимир Пешликоски, како и за уште еден обвинет кој се’ уште се води како недостапен за органите на прогонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top