Ја средуваме внатрешноста на манастирот, вели чичкото на Тоше, Анастас Проески, ѕидовите се варосани, подготвена е подлогата за на неа да се сликаат фреските, за кои специјално од Русија ќе дојде уметник стручен во оваа област. Правиме се според визијата на Тоше, кој во манастирот влегуваше со огромна побожност, ги бакнуваше ѕидовите и живееше со желбата манастирот да го види готов, со иконостас, фрескоживопис…, пренесува весникот Вечер во својата сторија.
Крушево го остварува сонот на Тоше Проески. Аманетот на пејачот го спроведуваат на дело семејството и неговите крушевчани кои интензивно работата на изградбата на манастирот “Свето Преображение” и уредување на просторот околу овој храм, кој започна да го гради балканската легенда. А токму овој манастир, местото каде што најголемата домашна пејачка ѕвезда го наоѓаш мирот и беше нејзино светилиште, наскоро ќе биде комплетиран со сите обележја потребни за еден ваков верски објект. На влезот ќе има огромна порта, нешто налик на Триумфалната капија, дворот хортикултурно ќе се уреди со клупи, канделабри и фонтана, конаците во кои се наоѓа и собата на Тоше останува уште малку да се досредат, а таму ќе има големата тераса, како и огромна кујна која ќе може да ги собере сите верници.
Уште годинава на 19. месецов, на денот на Господовото Преображение, односно в понеделник, манастирот ќе ги дочека верниците недоволно подготвен, но веќе в година би треба да блесне со сиот сјај, откако наскоро рускиот уметник ќе дојде да го нацрта фрескоживописот.
“Ја средуваме внатрешноста на манастирот, ѕидовите се варосани, подготвена е подлогата за на неа да се сликаат фреските, за кои специјално од Русија ќе дојде уметник стручен во оваа област. Правиме се според визијата на Тоше, но не брзаме, нема зошто да брзаме. Сакаме се да биде направено добро и функционално. Временски не си даваме рокови. Важно е се да биде квалитетно и добро изработено”, вели Анастас, чичкото на Тоше.
Внатре во манастирот во еден ќош се поставени само дел од иконите, другите се тргнати да се заштитат додека траат градежните работи и оставено е само место за палење свеќи, слика од Тоше и кутија за донации. И токму во таа кутија случајно, раскажува чичко му на Тоше, кој ги надгледува градежните работи и кој ни ги покажа новините во манастирскиот комплекс, нашле 1.000 евра во плик како анонимна донација. Тој додава дека тоа е најверојатно најголемата анонимна донација за која претпоставуваат дека е од нашинци од дијаспората, која малку фалело да завршела во некоја корпа за отпадоци затоа што мислеле дека е само една од илјадниците пораки упатени до ангелот.
Живееше во нашите срца”, “Ангелу, почивај во мир”, “Ќе те сакаме засекогаш”, “Твоите песни никогаш нема да ги заборавиме”… се само дел од пораките оставени во црквата.
Манастирот Св. Преображениее се наоѓа во близина на Крушево, во месноста Ручало. Бил разрушен во 19 век, а возобновен во 1986 година, кога е формиран иницијативен одбор и мештаните се организирале и одлучиле кој, колку и како може да ја помогне повторната изградба, едни материјално, а други со физичка работа. И Тоше со гордост во секоја прилика потенцираше дека како дете помагал во изградбата на манастирот носел тешки камења и дал придонес во возобновувањето на овој храм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни од Тоше
-
Никогаш потажна сцена: Тони Цетински пееше за Тоше, солзи и ѕвездено небо го исполнија Сава центарот
-
Најмило мое – сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога би наполнил 37 години!