| четврток, 6 декември 2018 |

Алехандро Сабелја изјави дека Меси е незаменлив

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Алехандро Сабелја, изјави дека Меси е едноставно незаменлив, меѓутоа тој лично е задоволен и од ефектот на преостанатите фудбалери, кои пред два дена ја надиграа Италија.

Да потсетиме, во средата, на пријателскиот натпревар во Рим, селекцијата на јужноамериканската земја успеа да ја совлада репрезентацијата на домаќинот, Италија, со резултат 2:1, а Меси не беше во составот поради повреда.

„Кога екипата ќе се навикне да игра со Меси, може да се забележи разликата без него во тимот. Меси е незаменлив, меѓутоа задоволен сум од карактерот и од желбата која што ја покажавме“, изјави Сабелја.

Аргентина е моментно лидер во јужноамериканските квалификации за Светското фудбалско првенство во Бразил идната година, бидејќи нема ниту еден пораз во последните седум соочувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top