| четврток, 6 декември 2018 |

Пековиќ потпиша петгодишен договор со Минесота

Црногорецот Никола Пековиќ потпиша петгодишен договор со тимот на Минесота Тимбервулфс вреден 68 милиони долари.

„По 44 денови преговори постигнат е договор. Никола Пековиќ ќе ги брани боите на „Волците“ во наредните пет години. Зделката вреди 60 милиони долари, а има и дополнителни 8 милиони бонус“, напиша Ражњатовиќ на „твитер“.

„Пековиќ веќе е во Минеаполис, каде што по вообичаените административни формалности, официјално ќе стави потпис на договорот за соработка со Минесота“, додава застапникот на Црногорецот.

Како што е познато, центарот поради ова неодамна одлучи да го откаже настапот за Црна Гора на Евробаскетот, олеснувајќи им ја работата на македонските кошаркари на отворањето на континенталниот шампионат во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top