Грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас ги почна подготовките за изградба на Офицерскиот дом и на хотелот на плоштадот „Македонија“. Градежни работници го отстрануваат досегашното паркиралиште на ЈП „Градски паркинг“ и велосипедскиот пункт, а истовремено се оградува атрактивната парцела со површина од 6.308 квадратни метри. Познатиот бизнисмен го купи земјиштето од државата во март 2011 година по цена од 38.478.800 денари, односно 625.000 евра. По купувањето на локацијата, инвеститорот вети дека ќе вложи меѓу 30 и 50 милиони евра во двата објекта со планирана површина од 52.643 квадратни метри. Во ДУП Мал Ринг се впишани маркички за двете зданија со приземје, седум ката и поткровје и максимална висина од 29 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани
-
За Скопје се заинтересиравме откако прочитавме за проектот „Скопје 2014”
-
Јанев за „Дневник“: Мојот релјеф стои до делата на Микеланџело, а во Скопје го сквернават
-
Министерство за транспорт: Започната е постапка за поништување на продажбата на Офицерски дом во Битола


