| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите ден пред утрешната средба (фото)

Пред утрешниот пријателски меч против Литванија, најдобрите македонски кошаркари го посетија салонот на ОНЕ, еден од нивнте најголеми спонзори.
– Убеден сум дека со поддршката што ОНЕ ѝ ја дава на најуспешната македонска спортска репрезентација, ќе ги однесе македонските кошаркари на врвот на листата на најпрестижниот спортски настан годинава, Евобаскет 2013. Со оглед на тоа дека сум од Словенија, ќе ми биде тешко да изберам за кого ќе навивам. Посакувам македонските кошаркари да имаат голем успех – изјави генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

– Без вистински пријатели тешко се постигнуваат високи резултати. ОНЕ нѐ испрати кон историскиот успех во Литванија, се надевам дека и ова испраќање ќе ни биде среќно во Словенија – изјави Даниел Димевски, претседател на МКФ.
Инаку, ЕП во Словенија ќе се одрижи од 4 до 23 септември. Како дел од подготовките за овој настан, македонските кошаркари утре во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот ќе одиграат пријателска средба против Литванија.

На средбата не беа Перо Антиќ и Тодор Гечевски.

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top