Борбата за прво место помеѓу производителите на луксузни автомобили заврши со победа на „ауди“, кој во јули беше прв на листата на најпродавани премиум производители, пред БМВ и Мерцедес.
„Ауди“ имаше успешен почеток на втората половина од годината, со околу 131.300 продадени возила во тек на јули, што претставува пораст од 9,8% во однос на минатата година. Овој автомобилски гигант веќе двапати за период од три месеци се најде пред БМВ, кој во јули продаде 128.594 возила. „Мерцедес“, кого, според резултатите, „Ауди“ го остави зад себе уште во 2011 година, кој во истиот месец продаде 116.790 возила.
На светско ниво „ауди“ продаде околу 911.800 возила во првите седум месеци од годината со што веќе станува извесно дека ќе ја оствари првобитната стратешка цел – продажба од 1,5 милиони автомобили во 2013 година. Ваквите бројки се потполно во склад со напорите на брендот „ауди“ до 2020 година да го премине прагот од два милиони продадени возила во текот на една година. Најголеми придвижувачи на растот во моментов се А3 и Q3, но и останатите модели од SUV сегментот.
„Ауди“ веќе шеста година по ред е лидер и најпродаван бренд на македонскиот пазар во сегментот на луксузни автомобили.
Во 2012 брендот со четири прстени има продадено преку 1.455.123 милиони возила. Компанијата е присутна во повеќе од 100 земји и вработува повеќе од 70.000 луѓе низ светот. Компанијата планира инвестиции од приближно 11 милијарди евра до 2015 – главно во нови производи и одржливи технологии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.