| четврток, 6 декември 2018 |

Колку повеќе секс толку повеќе пари

Луѓето кои имаат секс четири или повеќе пати неделно имаат повисоки плати од нивните помалку сексуално активни колеги, вели новото истражување на Ник Дридакис од Институтот за проучување на труд, организација што прави истражување на пазарот на трудот.

За да стигне до гореспоменатиот заклучок Дридакис ги проучувале резултатите од анкетата спроведена во текот на целата година помеѓу повеќе од 7.500 испитаници од грчките домаќинства. Тие, помеѓу другото, требало да одговорат на прашања од типот колку пати неделно имаат секс, дали се вработени, колку заработуваат и колку часа неделно работат.

Тој заклучил дека постои врска помеѓу сексот и приходите: луѓето кои имаат секс редовно се обично посреќни, имаат повеќе самодоверба, подобра способност за расудување и помала веројатност за депресивно расположение.

Заклучокот е: со повеќе секс сте поздрави и посреќени. А здравите и среќени луѓе имаат повеќе самодоверба, па знаат да го постават својот став, да се борат за себе и да заработат повеќе пари, пренесува „Хафингтон пост“. Позитивен однос помеѓу сексот и заработката дефинитивно постои, а според студијата работниците на возраст од 26-50 години имаат повисоки плати ако сексуална активност им е на задоволително ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top