Олингито (Olinguito) е првиот нов вид откриен во западната хемисфера во последните 35 години. Необичното суштество му припаѓа на семејството на ракуни, крзното му е со кафеава боја, а живее на планинскиот венец на Андите. Тоа се храни со овошје и инсекти.
Научниците од институтот „Смитсонијан“ во Вашингтон го открија овој нов вид на цицач, кој според нивните описи личи на мелез помеѓу мачка и кадифено мече.
Олингито повеќе од сто години бил погрешно идентификуван, а научниците го поистоветувале со олинуа, вид на голем ракун. Дека се работи за нов вид, докажале откако ја тестирале неговата ДНК.
– На некој начин, овие животни со векови се криеле во сенките – изјави зоологот Роланд Кејс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.