| четврток, 6 декември 2018 |

Електронско издавање градежни дозволи во Гевгелија

gradeznici

Со пристигнатите две апликации за барање решенија за градба на индивидуални куќи, во општина Гевгелија почна да функционира е-системот за издавање градежни дозволи.

Според одговорните во Секторот за урбанизам, системот функционира добро. Вработените без проблеми го следат и користат, така што се обезбедени сите услови за издавање градежни дозволи по електронски пат.

Вработените во Секторот за урбанизам во Општина Гевгелија ја совладаа целокупната постапка на обука што ја организираше и спроведе Министерството за транспорт и врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top