Македонскиот претседател ќе учествува во дискусијата „Како културниот диверзитет влијае на развојот”. На форумот присуствуваат шефови на држави, државни претставници, невладиниот секктор, медиуми, научни работници и претставници на корпоративниот свет, кои треба да придонесот овој четврти по ред состанок на Алијансата да стане пресвртна точка на оваа иницијатива. Меѓу најавените се и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателите на Германија, Австрија, Словенија, Романија и Албанија, Кристијан Вулф, Хајнц Фишер, Данило Тирк, Трајан Басеску и Бамир Топи, Емирот на Кувајт Шеик Сабах ал Ахмед Ал Џабир Ал Сабах, како и претседателот на Обединетите Арапски Емирати Калифа бин Зајед Ал Нахјан.
Алијансата на цивилизациите е меѓународна иницијатива воведена од Обединетите нации во 2005 година од тогашниот генерален секретар на Светската организација Кофи Анан со спонзорство на Шпанија и Турција. Главна цел на иницијативата е развивање соработка и подобро разбирање меѓу државите и справување со поделбите, поларизацијата и екстремизмот во и меѓу општествата. Претходните три форуми се одржаа во Мадрид, Истанбул и Рио де Жанеиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


