| четврток, 6 декември 2018 |

Ексврховниот судија со кривична за одземање малолетник

deteОбвинение за противправно одземање малолетник денеска Основното јавно обвинителство достави до кривичниот суд во Скопје против поранешниот врховен судија Александар Бошњаковски и Стефан Бошњаковски, свекор и поранешен сопруг на Татјана Бошњаковска, која две години не ја видела својата ќерка, објави „Телеграф“ повикувајќи се на информации од обвинителството и од Кривичниот суд.

Кривичното дело за кое ќе одговараат свекорот и сопругот на Бошњаковска е противправно одземање малолетно лице од родител, посвоител, старател, од установа или од лице на кое му е доверено или го спречува да биде кај лице што има право на тоа, или оневозможува извршување на извршна одлука за доделување на малолетно лице. Според Кривичниот законик за ова дело е предвидена затворска казна од три месеци до една година.

Татјана Бошњаковска има правосилна судска пресуда која е извршна и според која старателството над ќерката ѝ припаѓа нејзе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top