| четврток, 6 декември 2018 |

За Берлускони, Мусолини бил добар лидер, згрешил само со Евреите

Нов сериозен гаф на  поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони на свеченоста во Милано на која беше одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Според Берлускони италијанскиот диктатор  Бенито Мусолини многу работи направил како што треба а најголемата грешка биле неговите расистички политики.

Фашистичкиот лидер кој дојде на власт во 1922 година, влезе во сојуз со нацистичка Германија за време на Втората светска војна, по што Италија активно се вклучи во погромот на евреите.

Италија знаела што се случува со Евреите, но не од самиот почеток и затоа  не сносела иста одговорност како Германија, рече Берлускони, кој откако лани си даде оставка како премиер сега сака да биде министер за економија.
Пред десетина години  Берлускони изјави дека Мусолини никогаш не убил никого, а во 2010 година јавноста го осуди за шега на сметка на Евреите и Холокаустот.

Контроверзниот бонвиван предизвика деабти на тема расизам кога пред две години американскиот претседател Обама го нарече исончан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top