Братот на американскиот претседател Барак Обама – Малик Обама денеска прошета низ центарот на Скопје. Тој ја посети Куќата на Мајка Тереза.
Пристигна во земјава по покана и во организација на Балканскиот мировен клуб. Денеска попладне ќе прими Повелба за мир во името на Фондацијата „Барак Обама Хусеин“.
Потоа заминува за Гостивар, каде што ќе се сретне со градоначалникот Невзат Бејта. За подобра организација за пречекот на Обама Постариот, Бејта се сретна со претставници на Балканскиот клуб на мирот, Осмо Втреш – претседател на организацијата, Наке Дацев – генерален менаџер, Ставре Џиков – координатор на Организацискиот одбор за посетата и делегација од организацијата.
фото: Ѓ. Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст