Полумртво дете на возраст од 12 години е донесено во болница во Бургас вчера околу 20 часот, пишуваат бугарските медиуми.
Момчето е идентификувано како Олег Николаевич, Русин, кој е примен во Одделот за реанимација во коматозна состојба и со тешки проблеми со дишењето. Детето било на летување во Меѓународниот младински камп во Приморско, а истрагата треба да покаже кој е одговорен што детето било потрупано со песок на длабочина од 3-4 метри.
Според изјавите на неговите другари, навидум наивната детска игра на плажа, без надзор од раководителите на кампот, му го загрозила живот.
За случајот е известен и рускиот конзул во Бугарија и направена е специјална процедура на итно издавање визи за неговите родители да допатуваат во Бугарија за да бидат покрај него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


