| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сирија се борат 769 Албанци, повеќе од половина се приклучиле на Ал Каеда

albanci sirija

 

Турската хуманитарна организација IHH регрутира стотици Албанци-муслимани и по воената обука во Турција ги упатува во борба против владата во Дамаск. Како што пренесува весникот „Шекули“, повикувајќи се на агенцијата Farsnews, организацијата била поддржана од турското Министерство за надворешни работи и од екстремната саудиска група Вахаби, пишува „Дневник“. Анонимен извор за иранската агенција изјавил дека дури 769 Албанци се приклучиле кон бунтовничките сили во Сирија.

– Регрутите Албанци одат од Тирана за Турција и таму се обучуваат во воената база Рејхан од страна на пензионирани американски офицери. Последната група регрути Албанци за Истанбул замина со летот 1078 на „Туркиш аир“ на 30 јуни годинава – изјавил изворот.

Но, тој оди понатаму додавајќи дека поголем дел од Албанците-муслимани не војувале заедно со војската за ослободување на Сирија, туку дезертирале и се приклучиле кон групите на Ал Каеда во Сирија. Според него, 450 од нив дезертирале и се приклучиле кон Ал-Нусра фронт, огранок на Ал Каеда. Изворот за агенцијата Farsnews признал дека тој се вратил во Албанија откако ги видел воените злосторства кои ги вршеле терористички групи врз цивилното население во Сирија.

– Кога дојдов во Тирана, не се сретнав со семејството поради страв од агентите на турската разузнавачка служба и нивните платеници во Албанија. Со семејството се споив откако тоа ја напушти Тирана – изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top