Нешто што е секојдневие на телевизиите на запад, го крена на нозе истокот. Провокативната реклама која прикажува двајца млади кои водат љубов, е наменета за промоција на мултимедијалниот карактер на новата веб страница на дневниот весник „Харец“.

Видеото во кое актерите водат љубов во различни пози, трае околу една минута, доволно да биде прогласена за телевизиски шок во Израел.

Иако кампањата доби осуди дури и од високите политички кругови, но се разбира, и покрај тоа, таа е една од најгледаните реклами во историјата на земјата.

Инаку, основан во 1918 година, „Харец“ е еден од најголемите и највлијателни израелски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


