| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон имала сомнителни бизнис врски со арапските земји

hilari klinton

Реномираниот „Њујорк тајмс“ силно ја нападна фондацијата на поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари Клинтон поради сомнителни бизнис-врски со арапските земји.

Како што пренесува „Телеграф“, Хилари Клинтон е критикувана поради тоа што фондацијата во минатите пет години примила десетици милиони долари од владејачките семејства на низа арапски држави, како Саудиска Арабија, Кувајт и Катар, во време кога таа како државен секретар требала да ги застапува американските интереси во односите со овие држави.

„Њујорк тајмс“ сега посочува за врските на фондацијата, која треба да промовира хуманитарни проекти во САД и низ светот, со консултантската компанија „Тенео“. Компанијата е на долгогодишниот советник на Клинтон, Даглас Бенд. Taa работи и со финансиски корпорации вмешани во скандали.

Значајно за Македонија е што фондацијата на Клинтон има силни поддржувачи во грчката заедница во САД. Меѓу нив е кандидатот за градоначалник на Њујорк, Џон Кациматидис, кого Клинтон неодамна го нарече свој личен пријател. Прв спонзор на Клинтоновата глобална иницијатива, годишен собир на актуелни и поранешни светски лидери, е Јана Ангелопулос Даскалаки. Таа е сопруга на бродосопственичкиот магнат Теодор Ангелопулос и организаторка на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top