| четврток, 6 декември 2018 |

Села му се лути на Мерко затоа што јадел многу по кафеани на општинска сметка

Првиот човек на Струга Зијадин Села го обвини својот предходник дека направил огромни  долгови затоа што тој и неговите соработници меѓу другото и многу јаделе по кафеани и ресторани.

Села има забелешки и на работата на директорите на струшките училишта и на барањето на екс градоначалникот Рамиз Мерко кој барал шефот на кабинет да има магистратура на неговиот универзитет.

Своите обвинувања Села објави на прес конференција на која се пофали дека многу работел во првите 100 дена од мандатот.

„Во изминативе осум години се функционирало за еден човек и за група луѓе околу него“, изјави Села.

Села смета дека сега Струга може да се пофали со чисти паркинзи, нов плочник во Чаршијата, и најдобра комунална хигиена во историјата на Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top