Поројни дождови и грмежи – ова е прогнозата на метеролозите за утре. Тие најавуваат сончево претпладне со умерена облачност, а во попладневните часови нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во северните делови на моменти и засилен северен ветер.
Температурите ќе се движат од 24 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.