На последното место се наоѓа Анџелина Џоли, чие име се провлекува на сите топ листи за најубави познати личности. Но, читателите на магазинот „Менс Хелт“ ја ставија на последно место.
Ако е таа 10- та сигурно се прашувате кои се пред неа.
Џејн Фонда има добиено многу награди меѓукои и таа за животно дело. Таа се најде на местото број 9.
На 8 мсето се најде познатата чуварка на плажа позната и по домашните видеа, Памела Андерсон. Таа секако го носи епитетот секс- симбол.
Бети Пејџ, седма. На неа особено се сеќаваат повозрасните оти децении наназад во минатиот век жареше и палеше. Иако остарена, публиката не ја заборава.
Урсула Андерс некогаш беше девојка на агентот Џејмс Бонд. На листата се најде на шесто место.
Може би не сте и фан на музиката, но мора да се согласите дека таа одлично им пркоси на годините. Иако, нема убав природен изглед, сепак, се труди да биде сексипилна. На листата е петта.
Бритни Спирс се појави како симпатична тинејџерка, а подоцна се разви во секс- симбол и се најде на 4 место на магазинот.
Мерлин Монро влезе во историјата со нејзиниот секапил и бурните афери. Иако, можеби многумина сметаат дека треба да е на првото место, на листата на магазинот се најде на трета позиција.
Ракел Велч не е заборавена од мажите. Таа ги распламтуваше машките страсти во шеесетите на минатиот век. Иако, кариерата и доживеа пад, таа, сепак, добро изгледа. На листата е на второто место.
И кој би рекол? Џенифер Анистон на прво место. Ова нека и биде некаква утеха оти Бред Пит своевремено ја остави поради десето пласираната Аџелина Џоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



