По повод 18 август, Денот на АРМ, утре, 15 август, со почеток во 19 часот на терените на ФФМ во Ново Лисиче ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар меѓу екипата на Армијата на Република Македонија и екипата на Фудбалската федерација на Македонија.
Тимот на АРМ ќе биде предводен од генерал-мајор Горанчо Котески, додека екипата на Фудбалската федерација ќе биде составена од поранешни професионални фудбалери и репрезентативци на Македонија.
И двете екипи очекуваат фер и спортска атмосфера, убава игра, многу голови и победа на подобриот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.