| четврток, 6 декември 2018 |

Со Гечевски мозаикот е составен

GL1_0777
Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојното Европско првенство во кошарка што следниот месец ќе се одржи во Словенија. В сабота, на 17 август, во Скопје ќе се одигра едниствениот пријателски натпревар со Литванија на домашен терен по повод 20-годишнината од првиот настап на македонската кошаркарска репрезентација.
Селекторот Алеш Пипан го скрати списокот на 14 играчи. Марковски и Штерјов се вратија на подготовките во своите клубови, но ќе бидат ставени на располагање на селекторот ако за тоа има потреба.

gecevski-so-antic

– До почетокот на Европскот првенство остануваат уште три недели. На половина сме од подготовките. Со приклучувањето на Гечевски се комплетиравме и продолжуваме напорно да работиме во домашната арена. Се подготвуваме за пријателскиот меч со Литванија. Резултатот не е во прв план и ќе бидат оспробани повеќе варијанти. Сите 14 играчи ќе добијат шанса. Сакаме да се претставиме во подобро светло пред домашната публика бидејќи ова ни е еднинствен натпревар на домашен паркет. Задоволен сум од сите играчи кои го даваат својот максимум на овие подготовки. Конечниот список на играчи кои ќе одат за Словенија ќе го соопштам ден пред тргнување – изјави селекторот Алеш Пипан.

Задоволен од комплетирањето на составот со присуството на Тодор Гечевски е и искусниот бек Владо Илиевски.

– Со прклучувањето на Гечевски се комплетираше и последната коцка од мозаикот на репрезентацијата. Работиме напорно и атмосферата во тимот е одлична. Се надевам дека до крајот на подготовките сите ќе биде здрави и нема да се случи некој пех со некоја повреда. Лично сум задоволен со учеството во оваа репрезентација и дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе ја израдуваме Македонија уште еднаш од големите натпреварувања – додаде Илиевски.

Ставот на кошаркарите го пренесе и Александар Костовски со надеж дека подготовките ќе поминат во одлична атмосфера.

– Со нетрпение го очекуваме почетокот на шамионатот. Се надевам дека ќе нѐ послужи здравјето и подготвени ќе одиме за Словенија – заврши Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top