„Фејсбук“ воведува софтвер за препознавање и преведување на гласот, што би значело дека во иднина ќе ја контролираме популарната друштвена мрежа користејќи гласовни команди.
– Технологијата за препознавање на гласот станува сѐ поважна во мобилните уреди и во нивниот интерфејс, а оваа технологија ќе ни помогне во развојот на нашите производи за да ја следат оваа еволуција – објави раководителот на Одделот за производи на „Фејсбук“, Том Стоки.
Популарната социјална мрежа планира во својот систем да го интегрира и системот на Mobile Technologies за симултано преведување.
Според претпоставките, овие чекори се почеток на воведувањето можност за управување на „Фејсбук“ со гласовни команди, опција које ќе биде достапна за корисниците на глобално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.