Петгодино девојче од Саудиска Арабија е нова жртва на родителска негрижа и неодговорност. Оставена 12 часа во автомобил, таа се задушила од топло.
Страшната трагедија се случи пред неколку дена кога родителите си ја заборавиле ќерката во автомобилот на нејзиниот вујко. По 12 часа, кога го пронашле, девојчето било пренесено во болница, но било предоцна.
Докторите потврдиле дека причина за смртта е превисоката температура на која била изложена.
Вујкото, во чиј автомобил беше оставено девојчето, како причина за негрижата навел дека малечката заспала на задното седиште, па затоа ја заборавиле.
Трагедијата да е поголема, ова не е прв ваков случај во Саудиска Арабија. Само ова лето се забележани неколку слични настани со кобен крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.