Приказната за мајката-ајкула која се породи на плажа на Флорида, а потоа угина, вчера за час ја пренесоа сите светски медиуми, но на крај се испостави дека, всушност, ајкулата била мажјак, а малите риби не биле бебиња-ајкули.
Посетителите на плажата Панама во Флорида го снимиле моментот кога рибар извлекол од вода на брег ајкула. Сите биле изненадени од малите риби кои биле околу неа па помислиле дека таа се породила.

Снимките од ајкулата за кратко го обиколија светот. Но, биологот Дејвид Шифман тврди дека ситуацијата била сосема поинаква. Малите рипчиња воопшто не биле младенчиња, туку станува збор за риби кои редовно ги следат ајкулите и китовите и кои заедно со ајкулата се насукале на брегот. Згора на сѐ, станувало збор за ајкула-мажјак.

– Ајкулата од приказната е мажјак. Тоа се гледа по репродуктивните органи. Исто така, нејзините младенци се риби кои ги следат ајкулите, а не бебе-ајкули, напиша на својот профил на „Фејсбук“ биологот Шифман, а како доказ објави фотографија со млади ајкули кои имаат сосема поинаков изглед од тие на снимката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


