Дежурниот антимакедонист Божидар Димитров смета дека пријателскиот напревар што се игра денеска на арената „Филип Втори“ меѓу Македонија и Бугарија е меч меѓу два тима од иста лига, алудирајќи дека се работи за две репрезентации на еден ист народ.
Димитров, кој е директор на Бугарскиот национален историски музеј на Бугарија, а е дежурен коментатор на односите меѓу двата народи, сега дури и за фудбал, за агенцијата „Фокус“ изјавил дека бугарската нација во која, според него, влегуваат и сите Македонци сега е поделена со граница меѓу двете земји.
Димитров ги коментира и навивачите на Вардар „Комитите“, коишто ги опишува како просрпска група која често ги напаѓа Бугарите што се собираат да ја слават Мара Бунева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


