| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-совети за годишен одмор

Ако добро го искористите одморот, туристичкиот секс е нешто на што ќе се сеќавате долго, долго време...

Промена на околината

Водењето љубов далеку од дома може да донесе огромно чувство на романтика и да инспирира непослушни сексуални фантазии. Зошто се случува тоа? Промената на местото во човечкиот мозок  предизвика ослободување на допамин,  т.н. хормон на љубовта, кој ја разгорува нашата желба за секс.

Промена на облеката

Жените на одмор се облекуваат посекси. Раскопчаната кошула, разбушавената слободна коса и чоколадната боја на тенот ја поттикнуваат машката имагинација. Широките памучни пижами и алишта се нешто што најчесто се остава дома, а куферот се полни со секси неглиже, чипкаста долна облека, миризлива креми и масла. Не заборавајте, за повеќето мажи визуелниот дел е најдобрата предиграта.

Нови алкохолни пијалаци

Освен за одмор и за уживање, годишниот одмор е резервиран за хедонизам во форма на храна. Покрај уживањето во гастрономијата, добро е и да експериментирате со необични пијалаци кои ја поттикнуваат сексуалната желба. Не за џабе коктелот е наречен „секс он д бич“.

Побавно темпо

Сите туристи се бавни. Нема брзање за на работа, трчање околу децата и домаќинството. Ставете се во „лер“ и дозволете си да се занесете со вашиот партнер. Уживајте во долги прошетки на плажа, разговарајте и повторно разбудете ја романтиката меѓу вас. Исклучите ги сите компјутери, мобилни телефони и слични уреди. Ова е време за уживање… посебно во сексот!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top