| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Ресен: Млад моторџија загина во судир со „Пежо“

skuter

Во тешка сообраќајна несреќа денеска околу 13 часот, на патниот правец Ресен – Маркова Нога, загинал мотоциклист.

Несреќата се случила во близина на селото Раица кога се судриле „пежо партнер“ со битолски регистарски таблички, управувано од 22-годишниот В.Н., и моторцикл управуван од 32-годишниот Горан Низамоски од селото Јанковец, Ресен.

Од здобиените повреди на самото место починал 32-годишниот Горан. Надлежните екипи се на терен и вршат увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top