| четврток, 6 декември 2018 |

Ховит: Блокадите за нови членки не смеат да се толерираат

10079754222Блокадите за прием на нови членки во Европската унија од страна на актуелни членки што го  „прикриваат“ нивното противење, не смее да се „толерира“ и за тоа тие треба да трпат последици поради прекршените ветувања. „Перверзно“ е што во актуелната ситуација со Грција, ЕУ не успеја да и постави услови на Атина да го реши долгогодишниот спор за името со Скопје.

Овие ставови ги презентира денеска пред Истражниот комитет за проширување на ЕУ при Британскиот парламент  европратеникот Ричард Ховит, кој е и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент.

Во своето излагање Ховит истакнува дека беше погрешно што поранешниот британски премиер Тони Блер се согласи за приемот на Кипар во Европската унија пред да се реши кипарското прашање.

Меѓу серијата практични предлози европратеникот ги посочува во Европскиот совет да почне да се применува отворено гласање по прашањата за пристапување, да се воведат клаузули во идните пристапни договори со кои ќе се спречи новите членки да применуваат вето, да и се даде мандат на Европската комисија да известува за „трошоците за непроширување“ со земјите во регионот, како и Европската унија да назначи арбитер, кој ќе ги решава билатералните спорови помеѓу актуелните  и идните земји членки.

– Од суштествено значење е да не се дозволи да недоставува парче од мозаикот за сите или некои од земјите кои јас преферирам да ги нарекувам  ЈИЕ. Вистинска алтернатива на непроширувањето, особено  за земјите од поранешна Југославија, ќе бидат недоволната развиеност, нестабилност и континуирани закани по границите на членките на ЕУ од илегална миграција, други форми на недозволена трговија, криминал,  па дури и враќање кон конфликтот, оценува Ховит кој е Пратеник во Европарламентот од редот на британските лабуристи.

МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top