Тие бараат од јавниот обвинител за организиран криминал да ја испита одговорноста не само на поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, туку и на  директорката на Завод и музеј и архитектот, бидејќи не го почитувале законот за заштита на Охрид.Куќата на четири ката  на дваесет  метри до Атичкиот театар, на соседите им го  краде погледот кон езерото и им ги обезвреднува куќите.- Ние бараме од јавниот обвинител на РМ сериозно да ја проучи пријавата,  комплетно да се испита целиот случај и доколку има сомнение за сторени кривични дела да се иницира постапка против нив,  вели  Мирче Ристески жител на Браќа Миладиновци

Објектот  се  коси со законот за Охрид , според кој во старото градско јадро не смее да се менува висината, фасадниот изглед и габаритот.
Градбата  го нарушува автентичниот,  каскаден  изглед на стариот  град, реагираат соседите.

– Бараме горниот кат  да се руши и покривот да дојде во иста висина како и прилепениот објект , односно како што беше старата куќа, додава Ристески.

Од Завод и музеј и натаму велат постапката е законски спроведена градбата е  согласно важечкиот ДУП.